Сплит под вода по рекордните врнежи од дожд (ВИДЕО)

0
134

До пладне, пожарникарите во Сплит имале околу 20 интервенции за испумпување вода од подруми и приземја, а јужните делови на Сплит биле особено загрозени од врнежите, соопштил Сплитскиот оперативен центар.

Во последните 24 часа во Сплит и околината наврнале 120 литри дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за целиот декември, соопшти хрватскиот Државен хидрометеоролошки институт.