Струшкиот хирург Кочоски почина по компликации со ковид

0
71

Хирургот од струшката болница Владимир Кочоски почина по компликации предизвикани од корона вирусот.

Како што објави СДК, шеесетгодишниот хирург-специјалист две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника, но ден пред неговото пуштање дома му се влошила состојбата.

Тој итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, но не успеал да се избори со компликациите што ги предизвикал вирусот.

Вчера, од компликации со ковид-19 почина и радиологот Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен