Тензично на Монструм, дали судењето ќе почне одново?

0
78

Тензично во судница за случајот Монструм. Насер Рауфи и уште двајца адвокати го напуштија рочиштето на сред судење. Причина за ова е одлуката на судот на обвинетиот Хаки Азири да му назначи адвокат по службена должност, оти неговиот бранител Асмир Алиспахиќ е позитивен на корона вирусот.

Ова предизвика бурни реакции. Судот посочи дека Алиспахиќ не се појавил во судница за случајот повеќе од 40 дена. Неговото решение за изолација е до 18 декември, а следното рочиште е закажано на 15 декември. Ако за четири дена не се одржи рочиште, ќе истечат 60 дена без судење, а тогаш Монструм ќе треба да почне одново по повеќе од девет месеци судење

Откако адвокатите ја напуштија судницата, судот даде пауза за да одлучи дали по службена должност ќе им одреди адвокати на обвинетите или судењето ќе се одложи и ќе започне одново.