Триесет и две жени и 15 деца физички малтретирани од нивните сопрузи и татковци

0
66

Во периодот на пандемијата од коронавирусот, во шелтер центарот кој е сместен на територијата на Карпош евидентиран е пораст на пријави за семејно насилство за 18 отсто, а за 12 отсто има повеќе згрижување на жени, жртви на семејно насилство. Конкретно, во единаесетте изминати месеци, односно во т.н. „ковид периодот“ во овој шелтер центар беа згрижени вкупно 32 жени и 15 деца, кои биле физички малтретирани од нивните брачни партнери.

– Жените и децата жртви на насилство во овој шелтер центар добија целосна правна и психосоцијална помош, од Здржението на Млади правници, Црвениот крст и Центарот за социјални работи, како и психолошко, кризно советување, медицинска помош од матичен лекар и од специјалисти. Токму поради ваквите трендови, локалната самоуправа ја засили поддршката која во континуитет ја дава на овој шелтер центар, со намера да се ублажат последиците од ваквиот црн биланс на семејно насилство што се зголеми во периодот на кризата – велат од општина Карпош.