Три лица осомничени за разбојништвото во Теарце на 22 ноември

0
72

Три лица се лишени од слобода и е започната постапка за утврдување на одговорност околу разбојништвото и одземање на пари од објект на игри на среќа што се случи во тетовски Теарце на 22 ноември. Тогаш во СВР Тетово беше пријавено дека две лица со маски и оружје украле пари од спортска обложувалница ноќеска во тетовско Теарце.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(42), Д.С.(28) и М.Б.(32) од тетовските села Доброште, Глоѓи и Теарце, поради сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово, информираат од СВР Тетово.