Фотев: Бугарите се најпозитивни кон Македонците, неодговорни и глупи луѓе го расипуваат впечатокот

0
115

Бугарскиот профeсор социолог Георги Фотев во интервју за „факти.бг“ тврди дека Бугарите, откако влегле во ЕУ, ја напуштиле „балканизацијата“ и дека над 80 отсто од нив имаат позитивни чувства кон Македонија,а обратниот впечаток се должи на тоа што пристап до медиумите имаат некои „неодговорни и глупи луѓе“. Податоците тој ги црпи од Студијата за европски вредности на ЕУ, мега проект во кој биле вклучени и ставовите на возрасната популација во Бугарија.

-Кога ги добив обработените податоци, буквално бев изненаден од промените во бугарското општество. Во Бугарија се случи де факто крај на „балканизацијата“, како што велам. Околу 80 отсто се позитивни ставовите на нашето возрасно население кон одделните земји од регионот и соседите. Позитивните вредности се највисоки во однос на Северна Македонија. Не можам да навлезам во детална и длабинска анализа на податоците овде, но сепак, не е важно кој што зборува во медиумите.