ФОТО: Тешка сообраќајка во Скопје: Со автомобил се забил во дуќан

0
79

Тешка сообраќајна незгода се случила ноќеска. Со автомобил „Опел“, возачот изгубил контрола и се забил во дуќан.

Сообраќајката се случила во скопската населба Автокоманда. Засега не е познато како дошло до сообраќајкната незгода, и дали има загинати или повредени.

Очевидци за ТВ21 велат дека глетката била вознемирувачка. За среќа, за време на несреќата, објектот бил празен.

Се очекува МВР да излезе со детали во текот на денот.

Сообраќајка од ист тип се случи и вчера во центарот на Скопје кога автомобил „Фолксваген Пасат“ се заби во угостителски објект на булеварот „Партизански одреди“.