Хаг го потврдува обвинението против Харадинај и Гучат

0
110

Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против двајцата водачи на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово, објави во понеделникот адвокатот на оваа организација, Томе Гаши.

Во објава на Фејсбук, Гаши рече дека обвинението против Харадинај и Хисни содржи четири точки, кои според Специјалното обвинителство во Хаг се поврзани со попречување на правдата“ и „се однесуваат на периодот од 7 до 25 септември“ .

Oбвинителство во Хаг сè уште не објави соопштение за потврда на обвинението.

Двајцата беа уапсени на 25 септември во Приштина од Специјализираното обвинителство, со поддршка на Мисијата за владеење на правото на Европската унија на Косово, ЕУЛЕКС и косовската полиција.