ЦАРОВСКА: ОБРАЗОВНИОТ МОДЕЛ ШТО ГО ИЗБРАВМЕ ДАВА РАЗУЛТАТИ

0
77

Моделот што како држава го избравме за спроведување на образованието во време на Ковид-19 или во учебната година која што е тековна, покажа успешни резултати, сметам дека на овој начин треба да продолжиме и во наредниот период, Доколку се создадат услови за сите ученици да се вратат во училница, тоа ќе го направиме, нагласи на денешната прес-конференција министерката за образование Мила Царовска.

Таа, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се планира во второто полугодие од оваа учебна година учениците да се вратат во училишните клупи, рече дека ако се создадат услови ќе се вратат, но за тоа сепак одлучуваат здравствените власти во координација со Министерството за образование затоа што, како што истакна, кај нив е знаењето и концептот за надминување на пандемијата којашто е здравствен проблем во моментов, а на кој што образованието се прилагодува затоа што имаме единствена цел да го заштитиме здравјето на наставниците, учениците и целото население и исто така да имаме и континуитет на образование.

Царовска потенцираше дека 90 проценти од учениците и наставниците без никаков проблем спроведуваат или слушаат онлајн настава.

– Првото тримесечје помина без поголеми проблеми, оценувањето заврши во петокот. Имав состанок со сите директори на основни и средни училишта, не кажаа дека постоеле предизвици и ако во некои се појавиле предизвици тие ги надминале заедно со наставниците и со дел од семејствата, доколку требало да се направи оценување со физичко присуство. Кај дел од училиштата се појавува и денови отворени за консултации со учениците за да може да се надополни знаењето коешто можеби е испуштено заради следење на настава преку телевизија, рече Царовска.