Царовска: Почнаа обуките на наставниците за пилот програмата за сексуално образование

0
86

Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесувањето и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на стартот на првата фаза од обуките за наставниците.

„Сексуално образование многу често е поставувано како нешто што не треба да се прави, не треба да се зборува во училиште. Но кога ќе го поедноставиме и кога ќе кажеме дека зборуваме за ненасилство, за прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе околу нас, за создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции, тогаш сите велат да, тоа е потребно. Токму затоа сите истражувања покажуваат дека и родителите и наставниците и учениците имаат потреба од воведување на овие теми во формалното образование, затоа што не секое дете има можност дома да разговара за овие прашања и така неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“, рече Царовска