Црна Гора има нов премиер, Здравко Кривокапиќ ја презеде должноста од претходникот

0
107

Досегашниот црногорски премиер Душко Марковиќ се состана денеска со новиот премиер Здравко Кривокапиќ и му ја предаде должноста. „Денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелоста и одговорноста која ја негува нашата политика. Да се надеваме дека оваа Влада ќе работи во интерес на Црна Гора и сите нејзини граѓани”, изјави Марковиќ.

Новата црногорска влада е прва што не е формирана по три децении од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ, која беше поразена на изборите на 30 август оваа година.

Со гласови на 41 пратеник, од вкупно 81 во црногорскиот парламент, пред три дена беше избрана Владата на Црна Гора, предводена од Здравко Кривокапиќ.