Ќе имаме ли целосен „локдаун“ за време на празниците – Состанок на Комисијата за зразни болести во понеделник

0
94

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека можно е да имаме и целосен „локдаун“ за време на претстојните празници. Извори за порталот велат дека ќе се анализира состојбата, па според тоа ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи.

-В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти. Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова Година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.