12-годишно девојче и 20- годишно момче загинаа во земјотресот во Хрватска(ВИДЕО)

0
99

Првите сцени од Петриња се ужасни, половина град е уништен. Се слушаат врисоци, има повредени и мртви. Според последните информации, во Петриња загинало 12-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина.

„Почина 20-годишно момче од Мајске Полјане, куќата му се урна врз него“, потврди за 24сата заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ.

Најмалку 20 лица се повредени во Сисак, од кои две потешко.