22 годишна трудница од Скопје почина од коронавирус

22 годишна бремена девојка од Скопје ја загуби битката со коронавирус. Според неофицијални информации девојата претходно немала коморбилитети.

Првично била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство поради компликации во бременоста.

На 26-ти ноември била префрлена во Градската општа болница „8-ми септември“ и цело време била поставена на респиратор.

Денеска Министерството за здравство информираше дека починати се 28 лица. Пет пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови