Меџити му постави пратеничко прашање на Груби, а тој ја напушти седницата

0
227

Меџити денеска од собраниската говорница ги замоли министрите од ДУИ да престанат да го фотографираат местото каде треба да се гради автопатот Скопје – Блаце и да се фатат за работа за да се изгради што е можно побрзо.

Тој од вицепремиерот Артан Груби побара поголем ангажман на власта во економската зона во Визбегово каде, според Меџити, повеќето компании се албански.

Меџити директно го праша неговиот сопартиец Артан Груби за ветувањето за етничка правична застапеност и во приватните фирми.

Но, Артан Груби не му одговори на прашањето на Меџити. Му најави на заменик-претседателот на Парламентот дека писмено ќе одговори и ја напушти салата.

Ова не е прв пат двајцата функционери на ДУИ да се конфронтираат. Меџити дури пред неколку месеци и не криеше дека не е задоволен од изборот на кадри од неговата партија кои ќе бидат дел од новата Влада.