0
108

Уште два дена преостануват за можен договор меѓу Скопје и Софија со цел да се одблокира евроинтегративниот процес, вели шефот на државата Стево Пендаровски во интервјуто за Сител, но посочува дека шансите за тоа се само теоретски. Нова можност за решение и деблокада Претседателот гледа дури по бугарските избори на пролет.

Иако вели дека државниот врв има еденствен став и црвени линии во разговорите со Софија, сепак Пендаровски не се согласува со дел од тезите кои Заев ги имаше во интервјутот за Бгнес. Вели дека ваквите интервјуа не прават штета но од нив никој нема ниту корист.