500 фирми земале државна помош, а не им исплатиле денар на вработените

0
113

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, рече дека одредени компании кои добиле државна помош за исплата на вработените, не ги исплатиле своите работници. Според неа, има околу 500 такви компании.

„Можам да кажам дека со состојбата од пред два дена имаме околу 500 компании кои злоупотребиле. До крајот на јануари имаме дополнително време да видиме дали ќе се изврши плаќањето за потоа да се извести јавноста. Оние компании кои злоупотребиле за месеците април, мај и јуни, не можат повторно да аплицираат за оваа државна помош затоа што системот автоматски ги одбива“, рече Лукаревска.