Tреба да отворат нова: Граѓаните со блокирани сметки имаат уште два дена рок

0
75

Граѓаните кои добиле помош од 6000 денари, а имаат блокирани сметки ќе можат да си ги подигнат парите доколку ги ажурираат податоците.

-За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура, најдоцна до петок 25.12.2020 година. За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци, стои во соопштенијата од банките