Академиците до Царовска: Историјата да остане засебен предмет

Да се размисли уште еднаш за спојувањето на предмети, особено за историја, препорачаа неколкумина академици од одделението за општествени науки во МАНУ, кои денеска се сретнаа со министерката за образование.

Инсистирањето за спојување на предмети, особено историја, според академик Таки Фити е лоша коинциденција во период кога се обзнани овој концепт и политичкиот амбиент во земјата со недоразбирањата со соседна Бугарија.

– Има лоша коинциденција кога се обзнани и политичкиот амбиент. Некако се поврза целиот концепт со состојбите и проблемите што ги имаме со соседна Бугарија и она инсистирање во концептот за интегрирање предмети се сфати како бришење на предмети, конкретно на историјата, и некако се дефокусира суштината на расправата. Иако тоа прашање на интегрирање не е незначајно, и ние дадодвме свои сугестии. Мислиме дека треба да бидеме многу претпазливи, особено кога станува збор за историјата. Ние имаме проблеми со национална историја во мултиетничка земја, но лично мислам дека може историјата да си остане како посебна наука или да се најде креативно решение кое нема да ја наруши суштината на концептот, но исто така ќе придонесе за национален консензус околу овие прашања. Нема укинување предмти, особено не на историјата.