Ако некој ве демне му следува 3 годишна затворска казна

 

 

Информацијата од министерството за правда ја пласираа како дел од информацијата за средбата на министерот Маричиќ со една од жртвите на случајот „Јавна соба“ Ана од Кавадарци.

 

Како што објаснуваат од министерството за правда делото ,,демнење“ ќе се однесува на лице што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, соопштуваат од министерството за правда.

 

Инаку министерот за правда и честитал на Ана за храброста јавно да проговори за нејзините премрежја кои предизвикаа силна општествена реакција, соопштуваат од министерството за правда.