Алиу: Администраторите немаат столови и компјутери, тие ќе купуваат кафе и пита за своите колеги

0
60

Претставникот на Алијансата за Албанците, Азир Алиу оценува дека систематизацијата на администраторите е уште една измама на ДУИ за овие млади луѓе кои не знаат каде ќе одат и со што ќе се соочат. Според него, овие администратори немаат ниту столови, ниту компјутери, а за една година ќе се ротираат за да купат кафе и пита за своите колеги.

Кога велам дека администраторите денес се соочуваат со нова реалност, тоа значи дека овие администратори пред 10 години имале 24-25 години. Но, сега по 10 години тие се родители, мајки и татковци и оваа месечна плата е недоволна за реализација дури и на основните семејни потреби. Другата лоша работа е што тие не беа оставени да бираат каде ќе работат. Тие ќе немаат столици и компјутери, и тие ќе купуваат пити и кафиња за колегите рече Алиу од Алијансата