Арифи – Не ја отфрлам можност за трет мандат, ако ме кандидира партијата јас нема да одбијам

0
68

Иако има уште неколку месеци до локалните избори, владејачките и опозициските партии започнаа со своите калкулации за можни кандидати за Општина Тетово

Според наши партиски кругови, Беса коалицискиот партнер на СДСМ ги започна подготовките за избор на можен кандидат за влез во трката за градоначалник на Тетово. Според извори во Беса, д-р Скендер Саиди е добро познато име во Тетово и ужива голема репутација.

Како можен кандидат од ДПА пак е поранешниот градоначалник Сади Беџети.

Но овие имиња никој официјално не ги потврдил

За ДУИ пак според наши извори се во игра неколку имиња меѓу кои и сегашниот ректор на Тетовскиот универзитет Вулнет Амети, но не се исклучува можноста во трка за трет мандат да биде и актуелната градоначалничка Теута Арифи. И таа денеска не негираше дека ќе се трка за трет мандат.  Ако ме кандидира партијата јас нема да одбијам, најважно е да ги завршам започнатите проекти кои им ги ветив на граѓаните, рече Арифи

Градоначалничката Арифи во два наврати победи со подршка на гласачите од Македонските политички партии за првиот мандат со гласачите од ВМРО ДПМНЕ, а за вториот мандат со тие од СДСМ.