Ахмети: Нема повеќе од 3.500 лица без државјанство, повеќето се Роми

0
205

Нема повеќе од 3.500 лица без државјанство, а повеќето се Роми. Ова го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби. Тој рече дека ова прашање е непотребно многу политизирано. Според него, веќе 12 години државјанство добиле околу 15.000 граѓани.

„Колку што се сеќавам, тоа е драматизирано и политизирано во нашата земја. Политизирано е од политичари, разни активисти. Направени се околу 15.000 државјанства за период од 12 години.

Вкупно, според податоците и известувањата што ми ги дадоа надлежните органи кои се занимаваат со овие проблеми, нема повеќе од 3.500 граѓани без државјанство. „Повеќето од нив не се Албанци, и припаѓаат на ромскиот ентитет“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.