Бочварски по поскапувањето на патарините : Ако ви е скапо, патувајте по локални и регионални патишта

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на граѓаните им порача ако им се скапи патарините да патуваат преку Велес или преку локалните патишта.

Во февруари патувањето во овој правец ќе го поскапат за 120 денари. Сумата од 40 денари што досега ги плаќаа граѓаните, ќе порасне на 160 денари.