Британскиот сој ја зема првата жртва – официјално три случаи со британската мутација во Македонија

Британскиот сој на коронавирус ја зема првата жртва во Македонија.

Имено, станува збор за 46 годишен охриѓанец, со претходни хронични заболувања, кој битката ја изгубил уште на осми јанури, а и тој како и двајцата други заразени со потврдената мутација на Ковид 19 не патувале надвор од земјата. Во неговите примероци, како и во примероците на уште еден друг пациент, кој што веќе е на домашно лекување, лабораторијата за генетика при клиниката „Жан Митрев“ информира дека пронашла ваков вирус.