Врнежите од дожд, кои на некои места ќе надминат и 50 литри на метар квадратен, значително ќе ги зголемат водостоите на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.
Од УХМР не ја исклучуваат можноста во западните делови од земјата врнежите да доведат до локални излевања на реките. Висок водостој се очекува и на реката Вардар во нејзиното горно течение, заедно со нејзините притоки во тој дел.
Обилните дождови присутни на поширокото дебарско подрачје за неколупати го зголемила дотекот на вода во река Радика, чиј водостој достигнува висина од над 180 сантиметри.
Најголем е дотекот од нејзината најголема притока – Мала Река чиј водостој во однос на пред два дена е поголем за околу 60 см и достигнува 115 см
Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење покрај реките поради опасност од нивно излевање.