Ганиу: Повторно ќе го урнеме, ако објектот излегува од габаритет!

0
56

Ганиу: Сопственикот на објектот пред Мавровка има право да ја врати првобитната состојба

Сопственикот на објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. Ова го изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на денешното предавање на донацијата на две возила за Итната помош.

Откако поминаа четири месеци од уривањето на објектот пред „Мавровка“, сопственикот почна повторно да го гради.

– Доколку сопственикот на кафулето „Фонтана“ повторно излезе од габаритот и изгради нешто што не му е дозволено, повторно биде урнат. Објектот пред да го зафати пожар беше изграден со документација. Во Законот стои дека по елементарна непогода, сопственикот има право да го врати во првобитна состојба без да побара документација од Општината. Но, тој излезе од габаритот и место со челична конструкција, градеше со бетон. Сега тој има законско право да го врати во првобитна состојба. Општината, пак ќе го прекине и ако треба пак ќе одиме со истите мерки. Вчера беше сопственикот на разговор, неколку дена ги прекинавме. Ако не покаже ист објект како оној пред пожарот, нема да пуштиме ни квадратен метар да работи во тој објект – рече градоначалникот Ганиу.