Дали новиот британски сој на Ковид 19 ни тропа на врата

Од 180 тестирани геноми на пацинети, пронајдени се 20 соеви, но  британската мутација на КОВИД 19 во земјава ја нема се наведува во извештајот на лабораторијата на Македонската академија на науките и уметностите, направен заклучно 11 јануари.

Ќе има ли нов кластер по отворањето на границите без ПЦР-тестови со соседна Србија, каде стотици македонски граѓани и покрај опасноста од ширење на коронавирусот и неговата мутација, отпатуваа до Врање.

Здравствените власти на денешниот состанок на Централниот кризен штаб разговараа за можните ризици од сојот на корона вирусот кој првпат се откри во Велика Британија, а беше забележан и во Србија. Но, освен консултации, не се дадени никакви нови препораки од Комисијата за заразни болест