Заев за „Монструм“: Не сум споменал кој е виновен, доколку имав информации ќе ги кажев

0
36

Јас никогаш не сум спомнал дека некој друг е виновен“. Со овие зборови премиерот Зоран Заев одговори на прашањето – Дали мисли дека уште невини лица се во затвор во случајот Монструм? Како што изјави при објавувањето на бомбите во 2015 година.

Во 2015 година Заев вети дека вистината за Монструм ќе излезе на виделина.

Адвокатот на одбраната, Насер Рауфи, вели дека нема сомнежи дека случајот е монтиран и верува дека има бомби кои не се објавуваат.

„Јас верувам, навистина верувам дека има бомби. Верувам и дека тајните служби знаеле и знаат кои се убијците и виновниците, мислам дека ќе дојде ден и ќе се знае кои се тие што се инволвирани во овој случај. Мислам дека тие бомби некој ги има но сигурно е и дека има и друг мотив зошто не се даваат, некој интерес кој ние како одбрана не можеме да ги знаеме.“, вели адвокатот Рауфи.