Заев – Со тројца сведоци се вклучува брак, но не се добива државјанство, тоа го нема никаде

0
47

 

И денеска премиерот Заев го повтори ставот околу добивање на државјанство со тројца сведоци предлог од Алијансата на Албанците.

Тој рече дека на таков начин не може да се добие државјанство оти тоа не е процес за вклучување на брак

Самиот предлог на Алијансата за Албанците навистина не е за поддржување. Ја почитувам политичката партија како најголема албанска опозициска партија, но во самиот предлог вели со тројца сведоци. Знаете, за да стапите во брак се потребни двајца сведоци и тоа е доволно за брак. За државјанство да викнете сведоци и да кажат, не е доволно, тоа го нема никаде“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на изградба на спортска сала во Стајковци во Гази Баба.