Зафировски: Полициската акција во Вевчани е планирана многу поодамна, директорот на БЈБ ја издал наредбата

Поранешниот потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски, за време на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа во врска со акцијата на полицијата спроведена вчера во Вевчани истакна дека истата е подготвувана подолго време.

Зафировски истакна и дека опозицијата не може да биде виновна за овој непримерен настан, во кој имаше спроведување сила врз граѓаните кои воопшто не пружаа никаков отпор.

Како може опозицијата да биде виновна за еден ваков инцидент, повеќе од очигледно е дека полициската акција била подготвувана и планирана многу поодамна, затоа што полицајци во толкав број за обезбедување на Василичарскиот карневал е нешто што не е вообичаено – посочи Зафировски.