За да не се повтори сликата од Вевчани во Тетово ставена во мирување традиција стара повеќе од 3 децении

Празнувањето на Богојавлание Водокрст со положување на светиот крст е традиција која ја има само во црквата Света Богородица во Тетово. Но, годинава овој уникатен обичај не се одржа поради пандемијатa.

Дел од граѓаните сметаат дека сепак и годинава со почитување на мерките можело да се продолжи традицијата, па макар и еден човек да скока по крстот.

-Па јас мислам дека можеше затоа што сепак ако ги почитуваме препораките мали се шансите да се заразиме. Тука барем може да се држи растојание во двор сме, вели еден верник.

Од одборот при црквата Света Богородица истакнаа дека така одлучиле црковние власти. Да нема фрлање на крст во светите води, за да не дај боже како што велат не се повторела сликата од Вевчани.

-Можеби можеше да продолжи традицијата, ама вака е посигурно поучени од тоа што се случи во Вевчани, подобро е вака. Не сакаме да ни се расипе празникот. Имаше литургија светење на водата. Тоа црковното што е го испочитувавме, истакнаа од црковниот одбор.

Традицијата на положување на светиот крст во водите на базенот од црковниот двор е стара повеќе од 3 децении.