Зибери: Тешко ми беше да бидам кандидат за премиер, се убедувавме со Ахмети со денови

0
80

Тешко ми беше да бидам кандидат за премиер, изјави новиот народен правобранител Насер Зибери, кој беше кандидат за премиер на ДУИ на ланските парламентарни избори.

 

-Се убедувавме со денови со Али Ахмети. Бев скептичен. Но, Ахмети важи за човек со визија. Успеа да направи доста работи за Албанците. Почнав да верувам и денес верувам дека премиер Албанец ќе има. Дали јас или друг, но тоа ќе биде – изјави Зибери на ТВ21.