Ирак издаде налог за апсење на Трамп: Обвинет е за убиство, кое во таа земја се казнува со смрт

Ирачкото правосудство денеска издаде налог за апсење на Доналд Трамп поврзано со убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани и неговиот соработник Абу Махди ал-Мухандис минатата година, кое се случи во близина на аеродромот во Багдад.

Налогот за апсење го издал истражниот суд во Багдад, соопшти портпаролот на судот, пренесува АП.

Сулејмани беше шеф на елитната единица Кудс на иранската Револуционерна гарда.

Во налогот за апсење Трамп се обвинува за убиство со умисла, кое во Ирак се казнува со смрт.