Казни од по 20 евра за функционерите од ДУИ, ако ги подмират за една недела ќе платат 10 евра

Министерството за внатрешни работи им врачи платни налози за неносење на маска на сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем без маски и без дистанца, славејќи го роденденот на нивниот лидер, Али Ахмети.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус потврдија дека платните налози се врачени и дека како и за сите граѓани така и за функционерите важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.