Кај езерото Треска ќе „никнат“ хотел и викенд куќички – презентиран урбанистичкиот план

Езерото Треска ќе се претвори во туристичка зона, во спортско-рекреативен центар со викенд куќички, деловен простор, хотелски комплекс, ботаничка градина, базени, аквапарк, игралишта за деца и др. Општина Сарај го презентираше урбанистичкиот план, кој доби согласност од Град Скопје. Планот зафаќа површина од 76 хектари и е поделен во 4 блока.

За спорт и рекреација остануваат 31 хектар, за привремено сместување околу 10 хектари, за угостителски комплекси околу 8 хектари. Блоковите 1, 2, 3 и четири каде ќе има големи деловни единици зафаќаат околу 1.1 хектар, односно најмала површина. Планот опфаќа вкупно 76 хектари, а само езерото е 13 хектари“, истакна Блерим Беџети.