Македонските граѓани започнаа да се вакцинираат во Србија

0
83

 

Во отсуство на анти-ковидна вакцина, македонските граѓани наоѓаат решенија за вакцинација во соседните земји

Еден таков случај е со докторката Ирена Витановска која во изјава за ТВ Сител покажа дека ја примила првата доза на кинеска вакцина во Бујановац, Србија.

Во нејзината приказна таа покажува дека за да се добие анит-ковидна вакцина доволно е да се има документ за српска државјанка и терминот за да се добие  вакцина е многу лесен. Таа истакна дека процесот на вакцинација во српската држава е доста организиран.