Матурантите го прекинаа бојкотот

0
56

Матурантите го завршија бојкотот кој започна со почетокот на второто полугодие. Од Унијата на средношколци соопштија дека не се откажале од барањата, но за време на викендот останува да се одлучи во каква форма ќе продолжи протестот. Тие до Собранието имаат поднесено барање до пратениците од кои бараат поддршка за реализација на барањата на матурантите, па дури и измени во Законот за средно образование.

„Јавно да ги поддржат барањата на Унија на Средношколци и матурантите и истовремено Министерството за образование и наука да ги прифати истите барања. Бараме да ја искористат својата позиција како пратеници, како избрани луѓе од народот да побараат од Министерството за образование и наука да имаат малку попрофесионален однос во пристапот кон проблемот што го имаме со државната матура, а не секој ден се повеќе да ги игнорираат легитимните барања на матурантите. Да се предложи и усвои предлог закон, законско решение што ќе ги прифати нашите барања и ќе се измени законот за средно образование“.