МВР: Приведени четири лица, директни учесници во „Јавна соба“

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска се приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“.

Тие велат дека од приведените лица две се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, а се работи за директни учесници во групата Јавна соба на платформата Телеграм.

„Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, додаваат од МВР.