Незамисливи сцени синоќа станаа реалност во главниот град на САД. Во зградата на Капитол влетаа неколку стотина поддржувачи на Доналд Трамп со цел да го спречат именувањето на Џо Бајден за нов претседател на САД.
Меѓу протестантите кои гордо се фалеше дека е заедно со Трамп е и поранешниот играч на Барселона, Дејвид Вуд, кој настапуваше за кошаркарската секција на каталонскиот гигант.
Вуд за Барселона играше во сезоната 1989/1990 кога овој тим ја освои шпанската лига и беше вицешампион на Европа.
Откако ја заврши својата кариера, тој стана познат по своите ултраконзервативни ставови, што го докажа и синоќа со својата појава на протестите и влегувањето во Капитол.