На бугарските политичари не им се допадна македонската честитка за српскиот празник Свети Сава

0
47

На бугарските политичари не им се допаднаа честитките од страна на македонските политичари кои денес ги упатија кон Србите по повод празникот Свети Сава.

 

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев даде иронична и исмејувачка забелешка во врска со денешната најава на македонскиот премиер Зоран Заев дека учениците во земјава ќе можат да изберат дали да го учат српскиот јазик, пренесе БГНЕС.

 

Дали таква би била и честитката на премиерот Заев до Бугарите во Македонија по повод бугарскиот празник? – прашува европратеникот.

Воедно со свој коментар на Фејсбук излезе и   европратеникот Ангел Џамбаски кој пишува дека не познава ниту еден друг премиер што би им честитал на окупаторите и на колонизаторите на сопствената држава.

„Дури и површен преглед на историските извори и на времето непосредно пред и по 1903 година на географското подрачје на Вардарска Македонија, современа Република Северна Македонија, јасно ги покажува улогата и односот на Србите кон локалното, главно бугарско население што живеело таму“, напиша на Фејсбук европратеникот Ангел Џамбаски