На денешен ден пред 20 години со терористичкиот напад во Теарце почна конфликтот во Македонија

0
154

Вооружениот напад на полициската станица во Теарце неофицијално се смета за почеток на воената криза во Македонија. При нападот на станицата во неа имало четтворица дежурни полицајци, а одговорноста за нападот тогаш ја презеде тн. Ослободителна народна армија (ОНА).

Ден по нападот ОНА објавил „комунике“ во кое наведе дека нападот имал предупредувачки карактер и ги повика полициските службеници да се повлечат од своите работни должности за да не ги загубат животите.

 

Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, а погребан е на гробиштата во родното село Добровница, Крива Паланка. Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од претседателот на Република Македонија