На денешен ден пред 20 год. со терористичкиот напад во Теарце почна конфликтот во Македонија

0
70
Се одбележаа 20 години од нападот на полициската станица во Теарце, што преставуваше неофицијален почеток на воените дејствија во 2001 година.

 

Од Одборот на бранители на местото на старата полициска станица во Теарце положија букет свежи цвеќе и одржаа пригоден говор. Жртвите не треба да се заборават, но со овие одбележувања сакаме уште еднаш да ги потсетиме институциите за проблемите со кои се соочуваат бранителите и нивните семејства.

Теарчани се сеќаваат на овој немил настан кој ја потресе државата. Велат соживот имало и тогаш и сега и немало потреба од такви немили случки.

  

Со нападот на полциската станица во Теарце практично и започна воениот конфликт во 2001 година каде падна и првата жртва