Новиот подвид на Ковид 19 за 35 отсто посмртоносен од другите

0
69

Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“,  на својот фејсбук профил ги објави најнови сознанија поврзани со британската мутација на коронавирусот.

Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви

. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.

Кунгуловски вели дека  пандемијата е далеку од завршена и единствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро.

– Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе туку мислете и на останатите околу вас. Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому – препорачува  Кунгуловски.