Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка од 10%, наместо од 18% како што беше досега и ова ќе почнува да важи од денеска 1 јануари 2021, истото важи и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари да има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.