Осум млади луѓе се задушија со плин недалеку од Посушје на новогодишната ноќ.

Осум млади луѓе се задушија со плин недалеку од Посушје на новогодишната ноќ. Објавени се првите детали за страшната несреќа, а како што пишува Кликс.ба, жртвите биле на возраст од 18 и 19 години. Ова го потврди началникот на Министерството за внатрешни работи на, Милан Галиќ.

Според него, во викендичката во Трибистово имало осум лица и за жал никој не преживеал.

Ова е малку поинаква информација од предходно. Федералната телевизија пред неколу часа извести дека во вилата има десет млади луѓе, но дека двајца преживеале.

„Во куќата беа пронајдени осум мртви тела, четворица мажи и четири жени, сите од областа на Посушје. Истрагата е во тек. Причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата “, изјави окружниот обвинител Јосип Аничиќ за hercegovina.info.

Телата на децата биле пронајдени од соседите на кои им било чудно дека никој не излегува од викендичката. Неколкупати заѕвонеле на вратата, но откако никој не им одговорил, одлучиле да го скршат стаклото на прозорецот и да влезат внатре.