Пендаровски: Правата на граѓаните не зависат од регистрацијата

0
61

Претседателот, Стево Пендаровси зборуваше за важноста на пописот на населението предвиден да се спроведе во април годинава.

Според него, иднината на државата зависи многу од овој процес, додека правата на граѓаните не треба да се условуваат. Понатаму, Пендаровски нагласува дека ниту една држава не може да се смета за демократска, ако им ги одземе стекнатите права на своите граѓани.

Пендаровски појаснува дека сигурен попис ја тестира зрелоста на државата и дека одговорноста не треба да ја бараат граѓаните, туку политичарите.

Тој смета дека Државниот завод за статистика е подготвен да ја спроведе оваа важна статистичка операција на професионален начин, почитувајќи ги сите препораки и мерки за заштита од Ковид-19.