Пијана Србинка истепала маж во автобус во Минхен, зашто и` рекол да стави маска

Жена со српско потекло ги шутирала патниците во јавниот превоз во Минхен, кои од неа барале да ги почитува мерките за носење маска.

Бидејќи не носела маска, еден маж и пришол на 22-годишната жена барајќи од неа да ја стави, како што е пропишано. Потоа следела вербална расправија која се претворила во тепачка.

Според полицијата, жената го шутнала мажот во стомакот, а за време на тепачката, тој добил неколку гребаници на раката. Покрај тоа, таа му откинала ланецот и му го оштетила мобилниот телефон. Германската полиција, која била предупредена поради тепачка во јавниот превоз, ги раздвоила двајцата патници.

При утврдувањето на причината за ситуацијата, жената ги навредувала чуварите, и неколкупати ги клоцала. Патем, таа била во алкохолизирана состојба, како што подоцна било утврдено, во крвта имала 2,66 промили алкохол.

Полицијата започна истрага за нанесување телесни повреди, навреди, како и нанесување штета. Исто така, поднесена е пријава за непочитување на мерките за корона, за што ќе биде казнета со 250 евра.