Полицијата приведе еден од двајцата мажи кои во автобус им се закануваа на патниците

Полицијата вечерва приведе еден од двајцата мажи кои во автобус на ЈСП им се закануваа на патниците, пренесуваат А1он. Од МВР велат дека и понатаму го бараат вториот маж од видеото.

Министерството за внатрешни работи претходно потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето.