Поради ненавремена интервенција патот во викенд населбата Попова Шапка два дена беше непрооден

0
79
 
По два дена прооден е патот во викенд населбата Попова Шапка, каде поради врнежите од снег како и ветрот кој донесен голем нанос од снег целосно го блокира овој коловоз, па сопствениците на викендици кои беа викендов на центарот, не можеа да се вратат во своите домови.

 

Од Здружението на граѓани Попова Шапка, велат дека сега патот е прооден лесно возило може да помине, но во поотежнати околности. Механизација дошла попладнево и го исчистила овој патен правец

Викенд населбата на Попова Шапка можеби не е приоритет на лето, но на зима тука во некои денови има и над 5000 жители и патот мора редовно да се чисти, велат од здружението на граѓани Попова Шапка